Поранешниот тренер на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри е „многу блиску“ да го наследи Оле Гунар Солскјаер на менаџерското место во Манчестер Јунајтед.
Според Тутопорт, италијанскиот специјалист имал конкретни разговори со „црвените ѓаволи“ од сите аспекти вклучувајќи ги и неговите примања. Според зборовите на Алегри, му била понудена поголема плата од 7,5 милиони евра колку што добивал во Јувентус.
Евентуалното назначување на Алегри на „Олд Трафорд“, ќе ги олесни највените трансфери на Марио Манџукиќ и Емре Џан. Се шпекулира дека поранешниот тренер на Јуве ќе го ангажира Патрис Евра во неговиот штаб во Јунајтед.

