Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез, во текот на денов имал успешна операција на левиот глужд, соопшти италиајнскиот клуб.
Интервенцијата ја извршил, д-р Рамон Кугат во Барселона откако била потврдена првичната дијагноза дека се работи за повреда на тетивата на глуждот. Фудбалерот на „нероазурите ќе биде надвор од теренот околу 3 месеци.
Репрезентативецот на Чиле се повреди на контролниот меч против Колумбија кој заврши 0-0. Санчез во тековнава сезона има одиграно четири натпревари за Интер и постигнато еден гол.
,

