Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, Садио Мане, вели дека повеќе сака да им помага на луѓето отколку да ги троши парите на луксузирање и купување на автомобили, накит или огромни вили.
„Зошто би сакал да имам 10 Ферарија, 20 часовници со дијаманти или два авиона?. Гладував, работев на поле, преживеав војни, бос играв фудбал, немав образование и уште многу други работи… денеска со парите кои ги заработувам благодарејќи на фудбалот, можам да им помогнам на другите“ – вели играчот на „црвените“.
„Градам училишта, игралишта, обезбедувам облека, обувки и храна за луѓето кои живеат во голема сиромаштија. Не ми треба да се фалам со луксузни работи“ – потенцираше црномурестиот фудбалер кој е роден во Сенегал.