Ракометарите на Еурофарм работник в недела во Битола од 17.00 часот ќе го одиграат мечот со Татран Прешов во рамките на 5 коло во групата -„Ц“ во Лигата на шампионите. Тренерот на нашиот тим, Стевче Алушовски, се надева и на втората победа во елитната конкуренција.
„Татран Прешов е искусна екипа, составена од репрезентативци на Словачка, играчи од Шпанија, Хрватска, секоја година играат во Лигата на шампионите и СЕХА. Сите шест екипи се изедначени, секој секого може да победи и против ниту една екипа не можете да кажете дека сте фаворит“ – вели Алушовски.
„Екипата е освежена, малку се одморивме од напорните патувања иако имаме проблеми со повредените ракометари. Неизвесни се Јотиќ и Стјепановиќ за неделниот натпревар“ – вели тренерот на Еурофарм работник.