Потврдени се стравувањата на Баерн (Минхен) за повреда на Никлас Зуле. Централниот бек има повреда на левото колено и ќе мора да биде подложен на операција, изјавија синоќа од Баварците.
Германскиот репрезентативец поминал детални прегледи кај клупскиот доктор Ханс-Вилхелм Милер-Волфарт и денеска ќе биде подложен на операција. Сè уште нема информации за тоа колку точно Зуле ќе отсуствува од теренот.
24-годишниот дефанзивец не пропушти ниту една минута за Шампионот на Германија од почетокот на сезоната во Бундеслигата и во Лигата на шампионите, но беше заменет во 12-та минута со вчерашната средба на Баерн кај Аугсбург (2:2).