Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс може да ја продолжи кариерата во германската Бундес лига, пренесува „Скај Италија“.
32-годишниот Белгиец е интересен за Борусија Дортмунд, каде што играат уште двајца белгиски репрезентативци – Аксел Вицел и Торган Азар. Дрис Мертенс, кој има 5 голови и 1 асистенција на 9 натпревари од почетокот на сезоната, има договор со Наполи до крајот на оваа сезона.
Доколку Наполи сака да го задржи во своите редови ќе треба до јануари 2020 година да потпише нов договор за продолжување на неговиот ангажман, а доколку тоа не го сторат ризикуваат Мертенс да си замиине во јуни без обештетување.
