Екипата на Реал Мадрид ќе биде без неколку клучни играчи на претстојниот натпревар во Лигата на шампионите против Галатасарај. Лука Модриќ, Герет Бејл и Лукас Васкез не се во комбинација за вечерашниот натпревар во Истанбул поради повреди.
Тони Крос е здрав и е вклучен во списокот на играчи кои ќе конкурираат за настап на оваа средба. Еден Азар се враќа во составот откако го пропушти натпревар во Палма де Мајорка поради раѓањето на своето четврто дете.
Даниел Карвахал исто така се враќа во екипата откако доби пауза против Мајорка. Реал Мадрид има само еден освоен бод по првите два натпревари од Лигата на шампионите.

