Младата фудбалска ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе, со трите гола постиганти на вчерашниот меч во Лигата на шампионите на теренот на Бриж, успеа да го собори рекордот кој го имаше Леонел Меси.
Французинот со вчерашниот хет-трик успеа да дојде до бројката од 15 голови во Лигата на шампионите и воедно да биде и најмладиот играч на кого тоа му успеало. Рекордот претходно го држеше Аргентинецот, Меси, кој тоа го направи кога имаше 21 година и 289 дена додека Мбапе има 20 години и 302 дена.
Мбапе кој против Клуб Бриж постигна три погодоци, сосема реално го понесе епитетот за најдобар играч на натпреварот.