Лондонскиот Арсенал сака да го задржи со постојан договор играчот од средниот ред Даниел Себаљос, кој игра како позајмен играч од Реал Мадрид.
Според шпанските медиуми, „топџиите“ веќе дале понуда за да го откупат 23-годишниот фудбалер за 25 милиони фунти (29 милиони евра), но Кралскиот клуб ја одбил. Претходно беше објавено дека Себаљос не сака да се врати во Реал Мадрид откако ќе му заврши позајмицата следното лето.
Покрај тоа, според извештаите на медиумите, играчот од средниот ред веќе контактирал со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и го замолил да договори трансфер во Арсенал. Себаљос му се приклучи на Реал Мадрид во 2017 година од Бетис. Од Мадрид платија 16,5 милиони евра за него.Оваа
сезона Даниел Себаљос учествуваше на 9 натпревари од англиската Премиер лига, во кои имаше 2 асистенции.

