Фудбалерот на бразилскиот состав Гремио, Евертон Соареш, може да добие понуда да се пресели во Англија во екипата на Тотенхем, најавува денеска – „Скај Спортс“, повикувајќи се на извори од клубот.
Играчот на бразилците и претходно се поврзуваше со трансфер во Премиер лигата во составот на Манчестер Јунајтед, но, тоа не се случи. Соареш во еден период беше интересен и за првите луѓе на Реал Мадрид, но, тие се откажаа од идејата да го ангажираат на „Сантијаго Бернабе“.
Сега ако се остварат најавите, 23-годишниот фудбалер може да дојде во Европа и да ја продолжи кариерата во Северен Лондон. Тоа може да се случи во јануарскиот преден рок.

