Нашата најдобра фудбалска репрезентација направи прогрес за едно место во новото рангирање на ФИФА и сега го држи 68-то со вкупно 1.344 бодови.
Ние во последните два квалификациски меча имавме една победа и еден пораз што беше доволно да скокнеме за една позиција. Што се однесува до нашите противници во тековните квалификации за Континеталниот собир, лидерот во групата Полска е на 21-то место, Австрија е 25-та, Израел е 89-ти а Летонија се наоѓа на 143-то место.
На листата на ФИФА, фудбалерите на Белгија се на челната позиција следени од Франција, Бразил и Англија.

