Македонската футсал репрезентација денеска ќе го започне претквалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство во 2020 година.
Прв наш противник во спортскиот центар Јане Сандански од 20.00 часот ќе биде селекцијата на Словенија која според проценките, ќе ја има улогата на фаворит. Македонија утре во второто коло ќе игра против репрезентацијата на Косово (17:30) додека мечот од последното коло ќе го реализираме в недела од 17:30 часот против Украина.
Влезница за натпреварувачки ден од турнирот кој го организира Фудбалската федерација на Македонија изнесува 100. денари и може да се купи на билетарата веднаш до малата сала во СЦ „Јане Сандански“