Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија убедливо поразена од Словенија во футсал квалификациите
    Фудбал

    Македонија убедливо поразена од Словенија во футсал квалификациите

    risteBy riste24/10/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската футсал репрезентација со пораз ги започна квалификациите за пласман на Светското првенство во 2020 година.

    Прв наш противник во спортскиот центар Јане Сандански беше и директниот конкурент за втората позиција, селекцијата на Словенија која ја совлада нашата репрезентација со убедливи 1:6. Македонија го отвори резултатот со голот на Асријан Мицевски во 8.минута, но потоа следуваше пад во играта и два гола за Словенија за предност по првото полувреме од 2:1.

    На стартот на вториот дел два брзи гола на Словенија која поведе со 4:1, а остнатоте два гола само ја потврдија доминацијата на Словенија и немоќта на нашите играчи да направат нешто повеќе. Се почувствува недостатокот на двајца многу важни играчи во нашите дерови, Даниел Де Соуса и Петровиќ кои поради повреди ги пропуштаат овие квалификации, па изборот на селекторот Божовиќ беше намален.

    Македонија утре во второто коло ќе игра против репрезентацијата на Косово (17:30) додека мечот од последното коло ќе го реализираме в недела од 17:30 часот против Украина. Утрешниот натпревар е важен за да се избегне последното место во нашата група.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.