Македонскиот каратист Бојан Костов е освојувач на бронзен медал на СП за кадети кое се одржува во Сантијаго, Чиле.
Костов успеа да го освои овој бронзен медал откако најнапред го совлада Ерхан Томачи од Романија со 5:0, во втората борба против Михајло Марковиќ од Србија славеше со 1:0, а потоа следуваа уште неколку борби кои ги доби , за да во полуфинале се сретне со Сајед Ал Најер од Јордан од кого загуби со изјаснување на судиите и не с епласираше во финале. Во борбата за трето место и бронза го совлада Ахмед Ахмедов од Русија.

Тренерот и селектор на нашата репрезентација Александар Кузмановски е презадоволен од овој резултат кој го оствари Бојан Костов:
„Уште од отварањето на новата сала на КК Олимпик, јас и мојот колега Кристијан Младеновски верувавме дека може да дојдеме до светски медал од причина што Македонија го нема од 2013 на Берат Јакупи и 2008 на Жарко Арсовски.нашиот клуб имаше неколку балкански и европски шампиони, како и прв олимписки младински медал на Фахик Весели, но светскинемавме, па еве дојдовме и до него. Потајно очекував медал, но ќе кажам секогаш сум претпазлив поради тоа што во нашиот спорт во борби секунди се во прашање“ ни изјави Александар Кузмановски, тренер и селектор на нашата репрезентација. На ова СП учествуваа 80 земји со над 1600 натпреварувачи.


