Јужноамериканската фудбалска конфедерација, КОНМЕБОЛ, денеска потврди дека се уште останува на ставот дека Чиле ќе биде организатор на финалетона Копа Либертадорес, иако во земјата се одвиваат големи социјални протести и немири.
Немирите кои се претворија во акт на насилство предизвикаа смрт на 18 лица. Највисокиот орган на фудбалската федерација на Јужна Америка преку својот Твитер профил потврди дека останува на одлуката, Сантијаго да биде домаќин на финалето закажано за 23 ноември на Националниот стадион.

