Македонскиот фудбалски стратег Влатко Андоновски ќе биде назначен за селектор на на женската фудбалска репрезентација на САД. Веста ја потврдија повеќе американски медиуми.
Официјално, Андоновски ќе биде промовиран во нов кормилар на светските шампионки в понеделник во Њујорк. Андоновски (43) во последните две сезони работеше како прв тренер на ФК Рејнг, а претходно беше тренер и на Канзас Сити со кој освои две титули во НВСЛ лигата.