Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал кои ги држат првите две места на АТП листата, имаа заедничка тренинг сесија во Париз в пресрет на завршниот турнир од мастерс-серијата за 2019 година.
Во француската престолнина како и на завршниот турнир на АТП во Лондон, ќе се крои врвот на листата. Ќе потсетиме дека двајцата тенисери пред само неколку дена имаа демонстративен меч во Казахстан.
Србинот на турнирот во Франција ќе стартува од втората рунда и ќе го чека победникот од мечот меѓу неговиот сонародник Душан Лајовиќ и домашниот претставник, Ричард Гаске. Надал исто така допрва ќе го дознае противникот откако ќе биде реализирано второто коло.