Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ќе направи уште еден обид за да успее да го обезбеди потписот на Пол Погба, пренесува весникот – „Елдесмарк“.
Шпанскиот тим сериозно размислува да испрати предлог од 85 милиони фунти и плус, Герет Бејл, за да го натера Манчестер Јунајтед да се раздели со францускиот играч од средниот ред. Ќе потсетиме дека „црвените ѓаволи“ во текот на летото категорично одбија да преговараат за евентуален трансфер на Погба и побараа 150 милиони фунти за неговиот потпис.
Сега според проценките ситуацијата може драстично да се промени и Бејл да се покаже како добра опција за англичаните. Велшанецот во тековнава сезона одигра 11 мечеви на кои постигна 4 голови и направи 2 асистенции.