Фудбалерите на Баерн Минхен денеска ја прекинаа лошата серија во германскиот шампионат откако славеа минимално на домашен терен против екипата на Унион Берлин со 2 спрема 1.
Мечот во Минхен ја донесе петтата сезонска радост за Баварците и воедно го промовираше Роберт Левандовски како прв играч во Бундес-лигата кој постигнал погодок во првите девет средби од почетокот на сезоната.
Полјакот со тој ефект го надмина досегашниот рекордер, Пјер-Емерик Обамејанг, кој во сезоната 2015-16 во дресот на Борусија Дортмунд реализираше барем по еден гол во првите осум сезонски мечеви.

