Фудбалерите на Џенова вчера со комплетен пресврт ја совладаа Бреша на домашен терен со 3 спрема 1 со што ја прекинаа црната серија во Калчо-лигата. Последниот гол за домаќини го реализираше нашиот, Горан Пандев, откако со мајсторски удар го совлада голманот на Бреша.
„ Долго време чекавме да се израдуваме и сега сме навистина среќни. Во првото полувреме бевме плашливи, но, потоа покажавме дека имаме квалитет. Среќен сум и за Тијаго Мота. Тој е одличен пријател, голем човек, му посакувам да има голема тренерска кариера“ изјави Пандев.
Во второто полувреме Мота ги уфрли на теренот во Кевин Агудело, Горан Пандев и Кристијан Куаме а сите тројца му вратија со гол. Мота со тој ефект на неговите играчи влезе во историјата на Серија „А“ бидејќи никогаш до сега не се случило тројца резервисти да влезат во игра и да постигнат погодок.