Фудбалерот на Фиорентина, Франк Рибери, ќе мора да паузира во наредните три меча откако на викенд дербито со Лацио турна еден од помошните судии и за таа реакција заработи црвен картон.
Тоа значи дека ветеранот ќе ги пропушти натпреварите со Сасуоло, Парма и Калјари во Серија „А“ и ќе се врати на теренот кон крајот на Ноември откако ќе заврши кратката пауза поради репрезентативните активности.
Неговиот тренер, Винченцо Монтела, исто така е суспендиран за еден меч поради реакцијата кон судиите на дуелот со лацијалите.