Играчот од средниот ред на француски Лил, Бубакари Сумаре, наскоро може да се пресели во англиската Премиер лига.
Според ЕСПН, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на 20-годишниот фудбалер. „Црвените ѓаволи“, заедно со голем број европски клубови, веќе неколку години го следат развојот на Бубакари и сега се подготвени да го купат. Во играчот од средниот ред, Манчестер Ј. гледа долгогодишна замена за Пол Погба, чија судбина во Англија е неизвесна и се повеќе се зборува за негово заминување во Реал или Јувентус.
Договорот на Сумаре со Лил истекува следното лето.

