Поранешниот играч од средниот ред на Ајакс и Тотенхем, Рафаел ван дер Варт го повика лондонскиот клуб да го купи фудбалерот на Ајакс, Хаким Зијех. Според холандскиот фудбалер, тој веќе испратил СМС порака до претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, советувајќи го да обрне внимание на Зијех.
26-годишниот Мароканец оваа сезона постигна седум гола на 17 одиграни натпревари. Минатата сезона со Ајакс го освои шампионатот и Купот на Холандија, а исто така стигна и до полуфиналето на ЛШ. Тековниот договор на Зијех со Ајакс е до 2022 година.
„Се надевам дека Зијех ќе се пресели во Тотенхем. Му испратив порака на Леви, рече дека ќе гледаат да го купат на крајот на сезоната. Убеден сум дека тој би можел да стане сензација во Лондон“, вели Ван дер Варт.

