Интер објави рекордни приходи на клубот за сезоната 2018/19 година. Миланскиот клуб објави финансиски извештај во кој стои дека приходите на клубот се зголемиле за 20% во однос на минатата сезона и изнесувале 417 милиони евра. Ова се највисоки приходи во клупската историјата.
Интер забележа и пораст од 9% во профитот на спонзорства, што на крајот на сезоната достигнаа 138 милиони евра. Загубите во сезоната 2018/19 година изнесувале 48,8 милиони евра и се поврзани со трансферни активности.

