Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ, планира да го напушти клубот од Торино во текот на зимскиот преоден рок, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Манчестер јунајтед е фаворит да потпише договор со 33-годишниот Хрват, но Манџукиќ може да ја одбие понудата на англискиот клуб и да избере финансиски поповолна опција во помалку престижен шампионат.
Напаѓачот веќе има понуда од Катар. Еден локален клуб е подготвен да му плати 7,5 милиони евра годишно. Претходно беше објавено дека кинески клуб е подготвен да му понуди на напаѓачот двегодишен договор, што ќе му донесе 9 милиони евра. Напаѓачот не спаѓа во плановите на Маурицио Сари, па Хрватот не само што остана надвор од списокот во Лигата на шампионите, туку не тренира ниту со тимот.

