Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, предвидува дека неговиот поранешен соиграч во редовите на „кралевите“, Раул Гонзалес, еден ден ќе седи на неговото место на „Сантијаго Бернабе“.
Раул е клупска легенда на „белите“ бидејќи во перидото од 1994 до 2010 година одигра 741 меч и постигна 323 гола. Неговиот ефект му помогна да се израдува на 16 титули од кои шест се во Ла Лига и три во Лигата на шампионите. Раул е сега тренер на Кастлја или резервниот тим на Реал Мадрид а Зидан верува дека тој во иднина може да го води и сениорскиот состав.
„Игравме заедно и тој секогаш беше значаен играч во клубот. Сигурен сум дека еден ден ќе го тренира Реал Мадрид“ – потенцираше францускиот стратег.

