Денеска во Англија ќе се одигра фудбалскиот дерби мечот во Карабао Купот меѓу Челзи и Манчестер Јунајтед. В пресрет на средбата на „Стемфорд Бриџ“, тренерот на домаќините, Франк Лампард, иако се соочува со одредени проблеми во ростерот, вели дека неговиот тим ќе влезе максимално мотивиран на мечот.
„На секој натпревар одиме на победа. Сега може ќе направам одредени промени во тимот. Знам дека тие што ќе истрчаат ќе го покажа најдоброто“ – потенцираше тренерот на „сините“.
„За нас секој трофеј е значаен. Тоа што финалето ќе биде одиграно на „Вембли“, секогаш носи дополнителен мотив“ – потенцираше Лампард.

