Скаутите на фудбалскиот состав Ливерпул ги следеле настапите на грачот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Денис Закарија, објавија денеска медиумите во Англија.
Претставниците на англискиот клуб се сретнале и со агентот на 22-годишниот Швајцарец, – тврди Скај Спорт.„Милионерите“ го проценуваа играчот на околу 50 милиони евра. Неговиот договор со тимот од Бундес-лигата истекува во 2022 година.
Закарија во тековнава сезона се појави на 11 средби во сите конкуренции и постигна еден гол. Во текстот се наведува дека и Тотенхем и Манчестер Јунајтед се гледаат како кандидати за потписот на младиот играч.

