Марко Верати ќе потпише нов договор со Париз Сен Жермен, пишуваат француските медиуми.
Италијанскиот репрезентативец, кој е во клубот од 2012 година, се согласи на 3-годишно продолжување на тековниот договор, кој истекува во летото 2021 година. Играчот од средниот ред пристигна во Париз од Пескара, откако никогаш не играше во Серија А.
Со текот на годините, тој честопати беше поврзуван со трансфер во Јувентус, но очигледно има намера да продолжи да биде дел од ПСЖ и во наредните години. Тој има 36 натпревари и 3 гола за репрезентацијата на Италија.
