Фиорентина се уште се надева дека во следниот трансфер период ќе успее да го обезбеди потписот на напаѓачот на Сасуоло, Доменико Берарди. Ако то ане успеат да го направат во јануари, „виолетовите“ ќе се обидат да го завршат во јуни.
Дури и во пресрет на потпишувањето на новиот договор на Берарди со Сасуоло, не престануваат шпекулациите кои го поврзуваат играчот со Фиорентина. Спортскиот директор на „Ла Виола“, Даниеле Праде сè уште ја следи состојбата на поранешниот италијански младински репрезентативец, бидејќи клубот ќе се обиде да додаде квалитет на тимот.
Според весникот „Кориере Фиорентино“, тој веќе барал од своите соработници да се направат конкретни разговори на оваа тема и да се договори цена за 25-годишниот Италијанец кој веќе постигна шест гола на осум натпревари во Серија А сезонава.
