Централниот дефанзивец на ПСЖ, Тиаго Силва ќе го пропушти претстојното гостување кај Дижон во петок, изјави тренерот на тимот Томас Тухел.
Бразилскиот репрезентативец е болен и ќе остане дома. Добра вест за парижаните е враќањето на играчот од средниот ред Идриса Геј, кој се опорави од повреда на препоните.
ПСЖ е водечки тим бо Лига 1 со 27 бода по одиграни 11 кола и има предност од 8 бода во однос на второпласираниот Нант.
