Откако аргентинската фудбалска ѕвезда, Лео Меси, ги демантираше шпекулациите дека има нарушени односи со напаѓачот, Антоан Гризман, кој во текот на летото се пресели во редовите на Барселона, сега со видување околу целата ситуација излезе и Пике.
„Лео и Гризман одлично се согласуваат, тоа е исто како и односот меѓу Лео и Дембеле, Педро или Вилја. Со Суарез тие се како браќа“ – вели Пике.
„Тоа што нема таков однос и Гризман не значи дека имаат лоша комуникација. Медиумите претеруваат“ – изјави фудбалерот на Каталонците.