Фудбалскиот клуб на Интер заработи казна од 5000 евра од страна на италијанската фудбалска фередерација откако фановите на „нероаѕурите“ го навредуваа некогашниот играч на тимот Марио Балотели кој сега настапува за Бреша.
Црномурестиот напаѓач беше соочен со многу навредливи скандирања од навивачите на Интер иако тие немаа расистичка содржина. Токму тој момент на некој начин донесе поблага казна за екипата од Милано бидејќи нема елемент на расизам.
Балотели во негов стил не им остана должен на тифозите на Интер и им покажа среден прст. Тој досега не е санкциониран за неговиот непримерен потег.

