Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, кој сигурно чекори на АТП Мастерсот во Париз и со двете победи против Кореан и Едмунд влезе во четврт-финалето, откри дека има здравстени проблеми и дека не ја покажува посакуваната игра.
„Поради здравствени проблеми се уште не сум максимално подготвен. Мислам дека денеска сепак одиграв добро и среќен сум поради тоа. Му честитам на противникот за првиот сет, одлучија еден или два поен“ – вели Ѓоковиќ по триумфот против Едмунд.
Тенисерот од Србија денеска го очекува дуел со Стефанос Циципас.