Нашиот фудбалски интернационалец, Горан Пандев, кој настапува за италијанскиот состав Џенова, заработи казна по натпреварот одигран со Јувентус во рамките на Серија „А“.
Тимот на Пандев го загуби мечот со минимални 2:1 а нашиот репрезентативец доби парична казна од 1.500 евра поради честите навреди упатени кон главниот судија, Марко Гвида. Полошо од Пандев помина тренерот на џеновјани, Тиаго Мота, кој зарабoти забрана да го води тимот во наредните два меча.
Идентична казна доби и резервниот голман на Џенова, Федерико Маркети, кој нема да може да биде на списокот за наредните две средби во италијaнскиот шампионат.