Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го коментираше голот кој го постигна напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане во 4-та минута од продолжението на натпреварот од 11 коло во Премиер лигата против Астон Вила.
„Во последните години, тој постигна многу вакви голови за Ливерпул. Ова се случува затоа што тој има посебен талент. Понекогаш се преправа, а понекогаш благодарение на неговиот талент постигнува неверојатни голови во последните минути. Тој е талент. Ако Ливерпул го постигнеше ова еднаш или двапати, тогаш би можеле да кажеме дека тие имаат среќа. Но, во последниве години ова се случи многу пати. Тие имаат посебен карактер“, изјави Гвардиола по денешниот натпревар кој го доби неговата екипа против Саутемтон со пресврт во вториот дел.
Ливерпул со 31 бода е лидер на табелата во првенството на Англија. Манчестер Сити (26) го зазема 2-то место.
