Фудбалерот од нападот на Барселона, Луис Суарез, може да ги пропушти следните три недели, поради повредата што ја заработи за време на вчерашниот натпревар против Леванте.
Клубот денес објави дека Уругваецот има истегнување на десната нога. 32-годишниот напаѓач го напушти теренот пред паузата. Се очекува тој да не игра на дуелите против Славија (Прага), Селта и евентуално против Легањес на 23 ноември.
Суарез, исто така, веројатно нема да патува на собирот на репрезентацијата на Уругвај, кој ќе игра контролни средби со Унгарија и Аргентина.

