Нико Ковач од синоќа повеќе не е тренер на Баерн (М). Управата на клубот му врачи отказ, а од денеска веќе се прават планови за доведување на негов заменик. Името кое е најексплоатирано во медиумите е актуелниот тренер на холандски Ајакс, Ерик Тен Хаг.
Според германски извори, веќе имало контакт меѓу двете страни, но информациите сè уште не се потврдени официјално. Тен Хаг моментно е под договор со Ајакс и очигледно не би сакал на сред сезона да го остави тимот, кој му го продолжи договорот минатата сезона.

