Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека играчот од средниот ред Давид Силва е неизвесен за настап на големото англиско дерби со Ливерпул следниот викенд. Силва с еповреди на мечот со Саутемптон во саботата, и сега ќе мора да паузира.
„Пет минути пред крајот на првото полувреме, Давид рече дека има болка во мускулите. Секогаш кога имате проблеми со мускулите, закрепнувањето трае 10 до 12 дена. Тоа значи дека најверојатно не ќе можам да сметам на него за мечот со Ливерпул“, изјавил Пеп.
Натпреварот од 12. коло на англиската Премиер лига меѓу Ливерпул и Манчестер Сити ќе се одигра в недела, 10 ноември.