Баерн сака да го ангажира тренерот на Ајакс Ерик Тен Хаг и го сметаат за кандидат за тренерското место во нивната екипа, пренесува „Скај Германија“.
Управата на минхенскиот клуб веќе направи обиди да го покани тренерот на Ајакс во клубот, но биле одбиене, бидејќи 49-годишниот тренер нема намера да го напушти холандскиот клуб барем до крајот на сезоната 2019/20.
Од неговото назначување во Ајакс во 2017 година, Ерик Тен Хаг го освои националниот шампионат, Купот на Холандија и Суперкупот на Холандија.
Да потсетиме дека Ерик Тен Хаг веќе работел во Баварија, водејќи го резервниот тим на Баерн од 2013 до 2015 година. Самиот холандски стручњак повеќе пати изјави дека сака да се пресели во поголем клуб во иднина. Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс истакна дека нема да му прави проблем на Тен Хаг да замине по завршувањето на сезоната 2019/20.
Тековниот договор на Холанѓанецот со Ајакс важи до 2022 година.