По консултациите со лекарите, Роберт Левандовски одлучи да ја одложи операцијата по завршувањето на полусезоната, јавуваат медиумите во Полска.
Голгетерот на Баерн Минхен се жали на болки во препоните и се очекуваше да биде подложен на операција следната недела кога ќе биде паузата за настап на репрезентациите. Бидејќи неговата репрезентација Полска веќе се квалификуваше за Еуро 2020, идејата беше Левандовски да го искористи овој период за опоравување, кој се очекува да не биде подолг од 10 дена.
Како и да е, на крајот, 30-годишниот фудбалер процени дека може да ја помине полусезоната, па дури и да игра за „полски состав“, поради што денес доби повик за европските квалификации против Израел и Словенија.
Последниот натпревар на Баерн пред зимската пауза е 21 декември, а потоа Левандовски ќе оди на операција.

