На Кардиф Сити му заканува трансферно ембарго, опдносно забрана за купување на играчи во следните три трансфер периоди, освен ако не ја плати на Нант првата рата од договорот за починатиот Емилијано Сала, одлучи ФИФА.
Напаѓачот го загуби животот во авионска несреќа додека патувал кон Англија – два дена по објавувањето на трансферот од 17 милиони фунти.
Од Кардиф изјавија дека договорот за Сала никогаш не бил финализиран и дека не сакаат тој да биде платен. Поради оваа причина, спорот беше упатен до ФИФА за решавање, изјавувајќи дека велшкиот тим треба да плати 6 милиони евра што претставуваа прва рата од договорот. Кардиф треба да плати 6 милиони евра во рок од 45 дена откако Нант ги достави банкарските детали.
Доколку постапи во согласност со упатствата на ФИФА, велшкиот клуб ќе се спаси од најавената казна, но пред тоа случајот најверојатно ќе биде упатен до меѓународниот арбитражен суд.

