Реал Мадрид го обнови интересот за играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд Борусија, Џејдон Санчо и ќе се натпреварува со Манчестер Јунајтед за потписот на играчот, пренесува „Дејли Меил“.
Според изворот, германскиот клуб објавил дека фудбалерот ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, и веќе започнал да бара замена за Англичанецот. Информацијата дека Реал Мадрид покажува интерес за играчот од средниот ред, може негативно да се одрази на Манчестер Јунајтед, кој има намера да го врати Санчо во Англија.
Англискиот клуб веќе има конкуренција во ПСЖ, кој исто така сака да потпише со овој млад играч. Евентуалниот неуспех на Манчестер Јунајтед да влезе во Лигата на шампионите на крајот од сезоната, значително ќе влијае на одлуката на играчот од средниот ред за трансфер во англискиот клуб.
Џејдон Санчо оваа сезона учествуваше на 8 натпревари од германскиот шампионат. 19-годишниот играч постигна 3 гола и 5 асистенции во Бундеслигата.