Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Лампард: Требаше да има десет минути продолжение
    Фудбал

    Лампард: Требаше да има десет минути продолжение

    risteBy riste06/11/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Менаџерот на Челси, Франк Лампард, го имаше можеби еден од највозбудливите натпревари откако дојде на клупата на лондонскиот клуб. Челзи губеше од Ајакс 1:4, но стигна до 4:4 на натпреварот од групата Х на „Стемфорд Бриџ“.

    Гостите од Холандија го завршија мечот со девет играчи. И покрај тоа што Аспиликуета постигна петти гол за Челзи, сепак истиот беше оправдано поништен.

    „Тешко е да се зборува после ваков натпревар. Каква анализа, тоа беше луд натпревар. Мислам дека сме тука за тоа – да ги забавуваме луѓето. Секој што ја гледаше оваа средба требаше да си рече: „Леле, ова е голем фудбал“. Респект за Ајакс за овој спектакл. Не мислам дека како играч ми се случило да учествувам на ваков натпревар. Два гола во првото полувреме. На паузата реков дека резултатот ќе биде 3:3 или 4:4 затоа што можев да видам дека сè уште сме во игра.

    Нашите напади беа опасни и чувствував дека ќе има повеќе голови. Севкупно, јас не сум задоволен од нашата игра затоа што направивме премногу грешки за натпревар во Лигата на шампионите. Не можам да коментирам за црвените картони затоа што не ги видов ситуациите. Може да се согласам дека нерешениот резултат е добар, но сега сум малку разочаран. Покрај тоа, јас бев изненаден од покажанато дополнително време од само четири минути. Очекував да бидам десет“, коментираше Лампард.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.