Финалето на Купот Либертадорес, најпрестижното клупско натпреварување во Јужна Америка и еквивалент на Лигата на шампионите, ќе се одржи во Лима, главниот град на Перу.
Причината за оваа промена беа немирите во Чиле, соопшти прес-службата на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) на својата официјална веб-страница.
Во исто време, датумот на натпреварот не е променет: финалето помеѓу Аргентинскиот тим Ривер Плата и бразилскиот Фламенго ќе се одржи на 23 ноември. Протестите што ескалираа во немири и судири со полицијата започнаа во главниот град на Чиле, Сантијаго на 14 октомври, откако властите решија да ги зголемат трошоците за метро. Подоцна, немирите ги зафатија другите градови.
Купот Либертадорес се одржува од 1960 година. Последното финале, во кое учествуваа Ривер Плата и Бока Јуниорс, беше преместено од Буенос Аирес во Мадрид. Тогаш средбата беше презакажана поради навивачите кои организираа немири. Во тој натпревар победи Ривер Плата со 3:1.

