Бразилскиот напаѓач во редовите на ПСЖ, Нејмар се опорави од повредата и започна со тренинзи. Фудбалерот тренираше според индивидуална програма, работеше со топката и изведуваше вежби за трчање.
Фотографиите можат да се видат во официјалниот „Твитер“ профил на парискиот клуб. Последен пат напаѓачот влезе на теренот на 5 октомври во натпревар од 9. коло од францускиот шампионат со Анжер (4:0).

Нејмар дојде во ПСЖ летото 2017 година од Барселона. Сумата на трансферот беше 222 милиони евра. Оваа сезона, 27-годишниот Бразилец учествуваше на пет натпревари од францускиот национален шампионат, во кои тој има четири постигнати гола, а исто така доби и еден жолт картон. Договорот на фудбалерот со ПСЖ важи до летото 2022 година.

