Вечерва не очекуваат нови осум натпревари во четвртото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Синоќешните натпревари сериозно го кренаа адреналинот на навивачите, а очекувањата се денес да бидеме сведоци на возбудливи дуели.
Во групата А се играат средбите Реал Мадрид – Галатасарај и ПСЖ – Бриж. Парижаните забележаа три победи досега и денес ќе се обидат да дојдат до четвртата и да го обезбедат првото место во групата. Реал Мадрид, од друга страна, има само четири бода и успехот над Галатасарај е задолжителен, за да не стравуваа во преостанатите две кола.
Во групата Б се натпреварите меѓу Баерн – Олимпијакос и Црвена звезда – Тотенхем. Баварците, кои го отпуштија тренерот Нико Ковач, забележаа три победи со импресивна гол разлика од 13:4 и изгледаат самоуверено за пласман во 1/8-финалето. Во Белград, Црвена звезда и Тотенхем ќе се соочат во директен дуел за второто место, а дуелот се очекува да привлече голем интерес.
Во групата Ц, аутсајдерот Аталанта игра против Манчестер Сити, а за екипата од Бергамо ова е последната шанса да ги задржи шансите барем за трето место и да продолжи во Лигата на Европа.
Во вториот натпревар се соочуваат Динамо Загреб и Шахтјор Донецк, кои имаат по четири бода и во најголема мерка ќе одлучат кој ќе заврши зад Манчестер Сити.
Интересни се и натпреварите во групата Д, каде Јувентус и Атлетико (Мадрид) се борат за лидерската позиција. Јувантус игра кај Локомотив Москва и не им е дозволено да бидат поразени доколку сакаат да завршат први во групата. Во исто време, Атлетико Мадрид оди на гости кај Баер (Леверкузен). Нов пораз на „фармацевтите“ќе ја искомплицира нивната задача за третото место и тие се подготвени да дадат се од себе за да ја спасат сезоната во Европа со победа на оваа средба..

