Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милевски го објави списокот за квалификациските натпревари со Шпанија и Фарски Острови
    Фудбал

    Милевски го објави списокот за квалификациските натпревари со Шпанија и Фарски Острови

    risteBy riste06/11/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на нашата млада фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја Милевски, го објави списокот со фудбалери на кои ќе смета на претстојните квалификациски натпревари во ноемвриската репрезентативна пауза.

    Нашите надежи ќе одиграа два натпревари и ќе се сретнат со селекциите на Шпанија и Фарски Острови, а за двата гостински натпревари, Милевски ќе смета на 23 фудбалери, меѓу кои има двајца дебитанти (Сефер Емини од Македонија ЃП и Адријан Хајдари од рапид Виена), а во селекцијата се враќа и Фазлагиќ, кој беше повреден на претходните две средби.

    „Имаме две измени во однос на претходниот список. Марио Крстовски и Милош Тошевски не се повикани за овие два натпревари, но тоа не значи дека за продолжението од квалификациите нема да сметаме на нив. Не радува тоа што се враќа Енис Фазлагиќ и веќе има минутажа за својот клуб Жилина, а во тимот дебитанти се Сефер Емини од Македонија Ѓ.П. кој е стандарден во својот клуб и мислам дека ќе ја зголеми конкуренцијата во репрезентацијата и Адријан Хајдари од Рапид кој веќе има настапи за македонската селекција до 17 и 18 години, како и еден натпревар за репрезентацијата на Австрија до 19 години. Двајцата дебитанти се родени 2000. година што значи дека имаат право за настап и за следниот квалификациски циклус. Всушност, седуммина во нашиот тим се од генерацијата 2000-та. 

    – Не очекуваат два исклучително тешки натпревари, Шпанија е фаворит во нашата група и не треба да трошиме зборови за квалитетите на шпанската селекција. Ние максимално ќе се сконцентрираме на она како ние треба да изгледаме на терен и како треба да ги одиграме двата натпревари. Всушност, наша примарна работа и задача во селекцијата е да создаваме играчи кои ќе бидат конкурентни во европски рамки и способни да се спротивстават на секого без разлика со кои се соочуваат. Јас ќе бидам најсреќен ако и од оваа репрезентација создадеме профили на играчи кои во иднина ќе бидат подготвени за предизвиците кои ќе ги очекуваат во А репрезентацијата. Единствениот императив кој мораме да го имаме е како да се даде максимумот за време на подготовките и натпреварите. Ме радува тоа што од натпревар во натпревар созреваме како тим, како ментално, така и тактички“, изјави селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски.

    Подготовките ќе се реализираат во Шпанија, од 11 ноември, се до натпреварот во Алкоркон на 14 ноември во 19:45 часот. По овој натпревар Македонија ќе патува на гостување на Фарски Острови.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.