Новиот тренер на Џенова, Тиаго Мота, имаше низа пофалби за играта на нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев. На прашањето на новинарите дали чувствува дека Пандев игра како препороден, Мота вели:
„Не би рекол дека е препороден. Горан во текот на целата кариера покажува дека е одличен фудбалер и сега тоа повторно го прави. Тој е играч кој работи многу не само во офанзивата, туку и во дефанзивата. Денеска имаше уште еден одличен меч, работеше заедно со сите свои соиграчите и сите тука сме среќни што го имаме него. Мислам дека можеме да го искористиме и уште повеќе во играта меѓу линиите“, изјави Мота.

