Фудбалерот на Јувентус, Паоло Дибала, со погодокот во 77 минута го реши вчерашното дерби против Милан кое беше одиграно во рамките на 12-то коло во Серија А.
Аргентинецот повторно беше човек за одлука на теренот а таму влезе во 55-та минута кога беше повлечена првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо.Токму замената што ја направи тренерот, Маурицио Сари, се покажа како одлична иако според медиумите во Италија дефинитивно го навлече бесот на Португалецот кој наводно го напуштил стадионот уште пред да заврши натпреварот.
„Природно е играчот да биде незадоволен кога излегува од теренот посебно ако вложил голем напор да биде таму. Роналдо во претходниот месец имаше проблеми со коленото, тренираше, но, видов дека не може да го даде максимумот“ – вели тренерот на „старата дама“.
